Овој човек веројатно е најплатениот играч на планетата кој игра во четврта лига.
Последни денови од преодниот рок во 2015 година. Валенсија во плеј-офот го исфрли Монако и избори место во групната фаза во Лигата на шампионите. Николас Отаменди
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
после првиот натпревар со клубот од Кнежеството (3:1) доби дозвола да замине. На „Местаља“ не можеа да ја одбијат понудата од 44.6 милиони евра од Манчестер Сити. Мораа брзо да реагираат. На два дена пред крајот за 22 милиони го доведоа Абденур кој остави добар впечаток во натпреварите за Монако против Валенсија.
Три години подоцна ситуација е поинаква. После солидната прва сезона, Абденур го изгуби местото во првиот тим. Во втората во главна беше на клупата, иако добиваше шанса. Потоа Марселињо му даде дозвола да пронајде нов клуб. Во Франција се чуствуваше најдобро па го избра Олимпик Марсеј.
Меѓутоа ниту таму не ја врати старата форма. Кога ова лето Олимпик го пријави тимот за Лига Европа на кој го немеше името на Абденур беше јасно дека францускиот клуб сака да се ослободи од 29 годишниот стопер.
Деновите поминуваа, па и неделите…Абденур никако да замине. Се шпекулира дека луѓето од клубот го молеле да си замине, бидејќи Руди Гарсија не смета на него. Тунижанецот имаше поинакви планови.
Човекот во Марсеј не игра, но добива 2.7 милиони евра годишно! Всушност игра, но за Б тимот на Марсеј. Овој викенд Абденур настапи против Јере во четвртата француска лига.
Не го интересира тоа што игра во четвртата лига кога секој месец на неговата сметка „легнуваат“ 225.000 евра!