Дома Македонски спорт Мак фудбал Ситуацијата помеѓу Украина и Русија го „брка“ Зајков од Ворскла?

Ситуацијата помеѓу Украина и Русија го „брка“ Зајков од Ворскла?

Ѓоко Зајков како што стојат работите ќе мора да ја напушти Ворскла од Украина.

Македонскиот репрезентативец потпиша за овој тим пред само неколку недели, а сега изгледа ќе треба да си замине. Имено, Минстерството за надворешни работи на Македонија ги повика сите македонски граѓани кои се во можност во најскоро време да ја напуштат Украина. Причина е ситуацијата помеѓу оваа земја и Русија која е загрижувачка.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата“, велат од МНР.

Така Зајков ако ги почитува препораките ќе треба да бара нова средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…