Дома Фудбал Англија Сити сега е лидер, но пред само неколку дена мислеле дека немаат шанси за титулата

Сити сега е лидер, но пред само неколку дена мислеле дека немаат шанси за титулата

Манчестер Сити со победата против Евертон од се врати на врвот на табелата во Премиер лигата каде што сега има ист број на бодови со Ливерпул, но „црвените“ имаат натпревар помалку.

Во еден и тоа не така одамна изгледаше дека Ливерпул е на чекор од шампионската титула, а фудбалерот на „граѓаните“, Бернардо Силва откри дека во еден момент сметале дека немаат шанси да го стигнат Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ние сме актуелни шампиони и знаеме што треба да направиме за да останеме. Меѓутоа пред само неколку дена мислевме дека ја изгубивме битката за Премиер лигата. Сега сме лидери и среќни сме што се вративме во игра. Во овој момент и притисок е помал, верувам дека сега Ливерпул и Тотенхем се под поголем притисок од нас“, изјави Бернардо.

Во следниот натпревар во Премиер лигата „граѓаните“ го играат големото дерби против Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oбезбедена е до крајот на животот: Еве колку ќе треба Роналдо да плати на Георгина, ако ја остави

Кристијано Роналдо ја побара за жена Георгина Родригез, која во случај на развод ќе добива…