Манчестер Сити денес го комплетираше трансферот на младиот хрватски талент Анте Параверса, а до крајот на денот може да донесе уште едно засилување.
Според најавите на англиските медиуми нов член на клубот од „Етихад“ би можел да стане аргентинскиот офанзивец играч Лучијано Акоста, кој моментално игра за ДС Јунајтед.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
За овој 24-годишен Аргентинец интерес покажува и ПСЖ кој во него гледа замена за повредениот Нејмар и испратил понуда од 10 милиони долари.
Акоста веќе пристигна во Европа и чека само зелено светло од клубот за да потпише договор со „граѓаните“.