Дома Трансфер зона Сити и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Сити и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Фантастичниот алжирски фудбалер после четири ипол години го напушти Лестер за 70 милиони евра и премина во редовите на англискиот шампион, каде сепак нема место во стартниот состав.

Оваа сезона овој 28-годишен играч беше стартер на само 11 натпревари во дресот на Сити, па веќе почнаа шпекулациите дека само после една година може да ги напушти „граѓаните“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Наводно, торински Јувентус е заинтересиран за неговите услуги. Понудата ќе пристигне на адреса на „граѓаните“, а за играчот е спремен одличен договор.

Јувентус ова лето сака да донесе неколку нови имиња. До сега Марез не се поврзуваше со „бјанконерите“, но секако дека би бил големо засилување за „старата дама“.

Марез оваа сезона одигра вкупно 36 натпревари во сите натпреварувања. Запиша 10 погодоци и 10 асистенции, но без разлика на тоа Пеп Гвардиола не му дава премногу шанса од првата минута.

На Јувентус пак му е потребен играч за врска и се очекува „старата дама“ да се засили на таа позиција, особено поради фактот што најверојатно ќе се таздели со Даглас Коста.

Англиските медиуми не ја исклучуваат можноста двата клуба да направат трампа, така што Бразилецот ќе заврши на „Етихад“, а Марез ќе се пресели во Торино.

Гвардиола одлично ги познава квалитетите на Даглас Коста и сака повторно да соработува со Бразилецот.

https://www.youtube.com/watch?v=XtpGhxPO7EM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…