Bo Maнчестер Сити се свесни дека порано или подоцна ќе се разделат со Пеп Гвардиола, па во англискиот гигант изгледа го спремаат теренот за денот кога Гвардиола ќе замени.
Англискиот шампион ја вработи холандската легенда Џовани Ван Бронхорст кој во изминатите месеци работеше како човек од сенка откако шефовите на Сити го убедија да го прекине едногодишниот договор и да стане долгогодишен член на клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Британски „Мирор“ наведува дека планот на Сити е поранешниот репрезентативец на Холандија да остане во клубот бидејќи го сметаат за идеален наследник за Гвардиола.
Пеп има договор до 2021 година, но прашање е уште колку трофејниот тренер ќе остане на „Етихад“ каде што во минатата сезона ја освои Премиер лигата.
Ван Бронхорст има само 44 години и му се предвидува голема тренерска кариера. Тренерскиот занает тој го учеше од Роналд Куман на кого му беше асистент. Со Фејнорд стана шампион и освои два купа.