Македонскиот фудбалски шампион, тимот на Вардар вечерва влезе во историјата на македонскиот фудбал, откако обезбеди пласман во групната фаза од Лига Европа, што „црвено-црните“ ги прави прв тим кои успеале во овој обид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва Скопје, но и цела Македонија докажа дека навива и го сака Вардар. Славјето е огромно, а како и не би било кога спортското друштво Вардар ја испишува најуспешната година, по освојувањето на ракометната Лига на Шампионите во машка конкуренција и учеството во финале на дамите, фудбалерите обезбедија групна фаза од Лига Европа.
И овде не е крајот, веќе утре Вардар ќе ги дознае противниците од групната фаза во Лига Европа. Сонот започна, ние ќе сонуваме, се додека можеме!
Напрад Вардар.