Некои одлуки во животот на почетокот може да изгледаат глупаво и нелогично, но со тек на времето тие работи може и да се променат, така е и во фудбалот.
Хаким Зијех уште во 2015 година избра да настапува за репрезентацијата на Мароко, Холанѓаните се обидуваа да го убедат да ја промени одлуката, но немаа успех.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер за врска на Ајакс беше еден од клучните фудбалери во репрезентацијата на Мароко која обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, а медиумите потсетија на изјава на Ван Бастен посветена за овој фудбалер.
„Колку можеш да бидеш глуп да ја избереш репрезентацијата на Мароко, а можеш да бидеш во конкуренција за националниот тим на Холандија?, изјави Ван Бастен пред една година.
Но, оваа негова одлука сега се покажа како одлична, Мароко е на Светското првенство, Холандија не е.