Дома Фудбал Италија Сите мислеа дека е во пензија, но тој се враќа во Италија спремен за игра

Сите мислеа дека е во пензија, но тој се враќа во Италија спремен за игра

Легендарниот фудбалер Даглас Маикон се уште нема намера да се пензионира.

Овој 39-годишен фудбалер една година беше без клуб, а потоа потпиша договор со бразилскиот нисколигаш Вила Нова. Но, медиумите од Апенините пишуваат дека Маикон се враќа во Италија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Маикон најдобрите денови од својата кариера ги помина во Интер и беше член на славната генерација од 2010. година која ја освои тројната круна. За Интер играше шест години, а потоа во Италија настапуваше во Рома каде помина три години.

Иако многумина мислеа дека веќе се пензионирал, се излажале. Маикон е мнгу блиску кариерата да ја продолжи во Серија Д во дресот на Сонa.

„Не се осудувам да кажам, но тоа е вистина. Го имавме тој план и пред неколку месеци, но не го реализиравме. Во контакти сме, тој е подготвен да се врати во Италија. Верувам дека на почетокот од јануари ќе биде наше ново засилување.“ – изјави претседателот на овој италијански нисколигаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Белингем може да отсуствува подолго од очекуваното.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, може да се врати на терените дури во…