ВАР технологијата донесе многу добри работи на фудбалот, но исто така и некои контроверзни ситуации, посебно при офсајдите.
Во изминатите месеци се изнагледавме милиметарски офсајди. Головите се понишуваа затоа што играчот е со пола рамо или еден прст понапре и тоа знае да биде навистина фрустрирачки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нова контроверзна ситуација која предизвика многу полемики се случи на вчерашниот натпревар помѓу Атлетико Мадрид и Хуеска. Во оваа ситуација може да се види како лесно се манипулира со линиите.
„Јорганџиите“ натпреварот го добија со 2:0, а сомнителниот гол беше дело на Караско во 80. минута.
Како што може да се види сината линија која сигнализира офсајд треба да биде повлечена од топката, додека во ВАР собата ја повлекоа од ногата на Маркос Љоренте.
На крајот овој гол беше признат.