Дома Останати Авто Мото Синот на Михаел Шумахер на чекор од Формула 1, познат и тимот кој сака да го доведе!

Синот на Михаел Шумахер на чекор од Формула 1, познат и тимот кој сака да го доведе!

shumaher

Според најновите информации, Торо Росо ја разгледува можноста за доведување на Мик Шумахер како замен за Пјер Гасли кој на крајот на сезоната заминува во Ред Бул.

Човекот задолжен за листата возачи во тимовите на Ред Бул, Хелмут Марко неодамна соопшти дека има листа од десетина возачи кои би можеле да го заменат младиот Французин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, се претпоставуваа дека и двете места би можеле да бидат отворени за следната сезона. Хелмут наводно му порачал и на Брендон Хартли дека мора значително да ги подобри своите изведби ако сака да го задржи местото во Ф1.

Естебан Окон веројатно ќе го изгуби своето место во Форс Индија, на Штофел Вандорн веќе му се случи тоа во Мекларен, па и тие двајца се возачи кои се наоѓаат на таа листа.

Мотоспорт во изборот го става и Мик Шумахер, синот на сеумкратниот шампион Михаел Шумахер. Младиот Германец победи на последните шест од десет трки во Формула 3.

Шумахер прво би морал да пласира помеѓу најдобрите три возачи во конечниот поредок за да осигруа лиценца за Ф1, но тука се очекува да нема проблеми. Логичен чекор за синот на легндарниот возач би била Формула 2, но според најавите Ред Бул има намера со Мик да потпише договор најдоцна до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…