Синот на легендарниот Џорџ Веа го напушта Пари Сен Жермен, во трката за неговиот потпис изгледа победи шкотски Селтик.
Селтик во овој момент има бод повеќе во однос на најблискиот следбеник Ренџерс со натпревар помалку, но се уште бара замена за Муса Дембеле кој минатото лето под контроверзни околности премина во Лион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимотни Веа како што пренесува „Радио Монте Карло“ имал и неколку понуди од Премиер лигата. Медиумите пишуваат дека Коло Туре го убедил младиот Веа да го прифати повикот од Глазгов.
Исто така доколку Веа премине во Селтик ќе има право и за настап во Лигата на Европа каде што шкотскиот претставник го очекува двомеч со Валенсија.