Дома Фудбал Италија Синиша Михајловиќ пред враќање во Серија А

Синиша Михајловиќ пред враќање во Серија А

Синиша Михајловиќ би можел да се врати во Серија А.

Иако минатото лето после фијаското со Спортинг Лисабон порача дека е уморен од италијанскиот фудбал и дека сака да работи надвор од Апенините, медиумите денес го поврзуваат со тренерското столче во Болоња.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На легендарниот Филипо Инзаги сериозно му се тресе столчето бидејќи Болоња во 13 кола освои само 11 бодови. Болоња е во опасната зона, под нив се само Киево и Фросиноне.

Инзаги во текот на летото седна клупата на овој клуб после одличната сезона во Венеција, но очигледно дека не му тргна баш најдобро. Италијанските медиуми пишуваат дека следниот натпревар против Сампдорија ќе биде клучен за Инзаги.

Михајловиќ е прв кандидат да го превземе кормилото. Интересно е дека Михајловиќ во Милан дојде непосредно после Инзаги, помеѓу нив двајца тренерски мандат имаше Кларен Сидорф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мендиета му предложи шокантен трансфер на Серхио Рамос

Поранешната ѕвезда на Барселона, Гаизка Мендиета, смета дека легендарниот дефанзивец Серхи…