Марко Симоновски игра одлично за Дрита во косовскиот шампионат и донесе победа за својот тим со 4:1 против Гњилане во седмото коло.




Набрзина постигна Симоновски два гола во последните моменти од првото полувреме, а хет-трикот го комплетираше во 69. минута и така стигна до шест гола во првенството на Косово.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Покрај овие шест гола во првенството поранешниот младински репрезентативец на Македонија постигна и уште ден во квалификациите од Конференциската лига.




За викендот тој беше стрелец и против Балкани, тим кој го елиминираше Шкупи во плеј-офот за групната фаза од Конференциската лига.