Дома Фудбал Лига на шампиони Симеоне со коментар за контроверзната прослава на Роналдо

Симеоне со коментар за контроверзната прослава на Роналдо

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне сигурно е разочаран откако неговиот тим испадна од Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид пристигна во Торино со предност од 2:0 во првиот натпревар, но Кристиано Роналдо со уште една чудесна вечер во Лигата на шампионите во која постигна хет-трик го одведе Јувентус помеѓу најдобрите осум.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Не притиснаа и морам да им честитам на таквата игра. Едноставно бевме надиграни. Јувентус беше подобар и заслужено победи. Сигурно многу грешевме, но Јувентус тактички беше подобар, затоа и победија“, изјави Симеоне.

Новинарите ги интересираше и мислењето на аргентинскиот стратег за контроверзната прослава на Кристиано Роналдо кој го направи она што Симеоне правеше во првиот натпревар, се фати за меѓуножјето.

„Сигурно го направи истото што и јас на Ванда. Размислувајќи за навивачите и покажување карактер на голем клуб каков што е Јувентус“, порача Симеоне.

Роналдо секако беше задоволен од неговото издание против Атлетико:

„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, изјави Португалецот после натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=fAjZ8gAxq8o

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …