Дома Фудбал Симеоне добива нов договор – ќе заработува „богатство“!

Симеоне добива нов договор – ќе заработува „богатство“!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе добие нов договор и ќе стане најплатен во клубот, пренесува „Марка“.

Аргентинецот има договор до 2020 година, потпишан минатата година во септември, но сега се согласил на нов со кој ќе го надмине најплатениот играч Антоан Гризман.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа значи дека Симеоне според новиот договор ќе добива повеќе од 23 милиони евра, колку точно ќе изнесува засега не се наведува.

Но, едно е сигурно Симеоне ќе стане барем втор најплатен тренер. Пред него би можел да биде само Мурињо кој во Манчестер Јунајтед добива 26 милиони евра.

„Чоло“ во Атлетико пристигна во 2011 година и свои една титула во Шпанија, Кралскиот клуб, Супер купот на Шпанија, два пати Супер купот на Европа, два пати Лига Европа, а има и две финалиња на Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…