Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок е неговиот сонародник Пауло Дибала.
Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 13 милиони евра која ќе биде активна ова лето доколку тимот не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Клаузулата важи само за клубовите надвор од Серија А, а Атлетико е спремен да ја плати и веќе стапил во контакт со Аргентинецот.
„Јорганџиите“ на Дибала му нудат двојно повисока плата, а Симеоне лично го убедувал својот сонародник да му се придружи во Мадрид.