Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс, Ренова и Шкендија денес одат по пласман во третото коло од квалификациите за ЛЕ

Силекс, Ренова и Шкендија денес одат по пласман во третото коло од квалификациите за ЛЕ

Подолго време не се случило три македонски клуба да останат во игра после првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Денес пласман во наредната фаза ќе бараат Ренова, Шкендија и Силекс.

СИЛЕКС – ДРИТА (20:00 ЧАСОТ)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во ждрепката на хартија најмногу среќа имаше кратовски Силекс. Силекс испадна од Карабах во квалификациите за Лигата на шампионите, па во второто коло од квалификациите за ЛЕ за противник ја доби Дрита. Карабах беше преголем залак за Силекс и тоа се виде и на теренот, но Дрита изгледа како противник по мерка. Предност за Силекс може да биде што Дрита не игра натпревари бидејќи косовскиот шампионат се уште не започнал поради пандемијата со коронавирусот. Дрита пак од друга страна сигурно е добро информирана против кого ќе игра затоа што ги предводи македонскиот тренер Ардијан Нухиу, а во тимот ги имаат Ардиан Цуцули и Владица Брдаровски кои играа во ПМФЛ. Адут плус за Силекс секако може да биде и домашниот терен.

РЕНОВА – ХАЈДУК (15:30 ЧАСОТ)

На домашен терен во Скопје ќе игра и Ренова. Ренова немаше среќа и го доби Хајдук кој е фаворит против тетовци. Меѓутоа Хрватите со изјавите пред мечот покажаа дека се внимателни и треба да бидат затоа што Ренова во претходното коло успеа да го елиминира Алашкерт и тоа на гости во Ерменија. И Хајдук во своите редови има македонски фудбалер, од неодамна Јани Атанасов се приклучи на овој клуб.

БОТОШАНИ – ШКЕНДИЈА (17:45 ЧАСОТ)

Шкендија е најискусниот македонски претставник од оние кои не претставуваат оваа година. Сумгаит од претходното коло не беше тешка задача, Азербејџанците немаа квалитет да се надигруваат со тетовци. Сега Ботошани е фаворит, некои од играчите имаа дури и потценувачки изјави во нивните медиуми за квалитетот на Шкендија, па ние се надеваме дека ќе зборат поинаку по натпреварот. Како и противниците на Силекс и Ренова и во Ботошани има Македонци. За романскиот клуб играат Стефан Ашковски и Давид Бабунски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…