Кратовски Силекс денес после 22 години повторно ќе биде претставник на Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.
Противникот на Силекс е тежок и ретко кој верува дека можат да го изненадат Карабах. Сепак, во пресрет на денешниот натпревар од Карабах се претпазливи и порачаа дека во ниту еден момент не смеат да го потценат македонскиот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Единствената предност на Силекс во овој момент можеби е тоа што се во натпреварувачка форма за разлика од Карабах. Но, се друго е на страна на Карабах – буџет, квалитет, искуство…
Изјавата на тренерот на Силекс Горан Симов, пред натпреварот:
„Карабах е силен тим, кој што има неколку репрезентативци. Дојдовме тука за исполнување на сонот. Не размислуваме за пари. Дојдовме да го исполниме сонот. Пред извесно време размислувавме за опстанок, а сега играме во ЛШ. Резултатот може да биде 0:0, 0:5 или 0:7, нема разлика. Важно е да ја доживееме емоцијата на ЛШ“.
Но, сме виделе чуда во фудбалот, кој веруваше и дека Вардар пред три години ќе елиминира гигант како Фенербахче. Затоа навиваме и чекаме чудо!
Натпреварот се игра со почеток во 18:00 часот.
Според најдобрата онлајн обложувалница Bet365, коефициентот за победа на Карабах е 1.22, за реми 5.25, додека победата на Силекс во оваа обложувалница се плаќа со квота 19.00.