Поранешниот фудбалер и сегашен тренер на Депортиво Ла Коруња, Кларенс Сидорф смета дека Жозе Мурињо станал голем тренер благодарение на Милан.
Жозе Мурињо за прв пат се прослави во 2004 година кога со Порто ја шокираше Европа и ја освои Лигата на шампионите. Тогаш неговиот тим во полуфиналето славеше против Депортиво, а Сидорф смета дека фактот што Порто играше против Депортиво, а не против Милан го прослави Жозе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, Депортиво една рунда претходно го исфрли Милан после шокантната победа од 4:0 на домашен терен. Според Холанѓанецот доколку Милан тогаш би ја елиминирал Ла Коруња подоцна би стигнал до титулата.
„Мојот најлош пораз во кариерата? 4:0 против Депортиво. Тоа беше мојот најлош ден во кариерата, полош дури и од оној во Инстанбул“.
„Мурињо се уште не ни се заблагодарил за тоа што стана голем тренер. Милан тогаш имаше неверојатна екипа. Кога и да излезам на „Риазор“ се сеќавам на головите кои ги примивме таа вечер. Милан имаше супер тим и таа сезона требаше да ги освои сите три трофеи“, заклучи Холанаѓанецот.