Дома Фудбал Италија Се чека одговор од клубовите: Серија А од следната сезона во досега невиден формат

Се чека одговор од клубовите: Серија А од следната сезона во досега невиден формат

Фудбалскиот сојуз на Италија е загрижено поради протоколот и календарот на натпревари за следната сезона во Серија А, поради што се размислува за радикални промени.

„Многу сум загрижен за следната сезона“ – пред неколку дена изјави претседателот на Сојузот, Гравина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За почеток на новата сезона како датум е закажан 12. септември, меѓутоа властите се уште не дале зелено светло. Проблем се здравсвените протоколи заедно со трошоците кои клубовите мора да ги испочитуваат.

Неделникот „Панорама“ денеска објави вест дека Серија А може да се игра во досега невиден формат, поточно, 20 клубови ќе бидат поделени во две групи од 10 екипи.

После 18 одиграни кола шестте првопласирани екипи ќе играат плеј-оф за титулата, ЛШ и ЛЕ, додека останатите тима ќе разигруваат за опстанок.

Планот А за сега останува да се направи нов протокол кој ќе биде прифатен и Серија А ќе се игра во досегашниот формат, меѓутоа на клубовите веќе им е порачано да размислуваат и за Планот Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Душан Влаховиќ потпишува, но не за Јувентус?

Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србин…