Дома Фудбал Лига на шампиони Се спрема револуција во Лигата на шампионите: Ќе има повеќе натпревари и помалку изненадувања!

Се спрема револуција во Лигата на шампионите: Ќе има повеќе натпревари и помалку изненадувања!

Реномираниот „Тајмс“ открива дека УЕФА и ЕЦА (Здружението на европски фудбалски клубови) имаат намера да го променат форматот на Лигата на шампионите.

Со промените би се зголемил и онака големиот број натпревар. Имено, во текот на сезоната ЛШ би се играла уште една втора групна фаза каде исто така би имало шест кола. Вакво нешто од клубовите веројатно не би било добро прифатено поради распоред кој и вака е прилично згуснат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Воведувањето на втора групна фаза би значело враќање на составот на натпреварувањето какво што беше во 2003 година. Тогаш во другата фаза имаше четири групи со по четири клуба, подоцна тој формат се замени со нокаут фаза. Според, актуелниот форма од групата до финалето еден клуб има 13 натпревари, додека доколу се остварат најавените промени би имало 17 натпревари. По шест би се играле во двете групи а по две во четвртфиналето и полуфиналето и една во финалето.

Планот е во втората група да поминуваат првите три екипи од првата фаза, а тоа би донело помалку изненадувања. Пр: Интер, Ајакс и Бенфика кои се силни европски клубови сезонава завршија како трети и продолжија во Лигата на Европа со новиот формат би имале шанса за поправен во втората група. Четвртиот од групата би одел во Лигата на Европа.

Секако УЕФА ова ќе го прикаже како начин да се помогне на послабите, но јасно е дека ова е само уште еден потег со кој би се обезбедиле најмоќните и најбогатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…