Во последниот период се шпекулираше за интересот од неколку европски клубови за македонскиот репрезентативец од редовите на Леванте Енис Барди.
Најмногу со Барди се поврзуваа лондонските Арсенал и Фулам, но тука беа уште Реал Сосиедад, Фиорентина и Лацио, како и клубови од Бундеслигата кои не беа именувани. Меѓутоа сега спортскиот директор на Леванте изјави дека клубот не добил ниту една понуда за нашиот фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Маноло Салвадор истакан дека официјална понуда за Барди клубот до сега нема добиено.
„Клубот не добил ниту една официјална понуда, ниту за Барди, ниту за Кампања или Аитор. Јас се надевам дека на стартот од сезоната ќе ги имаме сите фудбалери на располагање“, изјави Салвадор.
Ќе потсетиме Барди во Леванте дојде во 2017 година од Ујпешт за 1.5 милиони евра, а неговиот договор сега има важност до 2022 и во него има откупна клазула од 50 милиони евра.