Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристиано Роналдо на денешен ден пред девет години го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжи во Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ летото 2009. година одвои 95 милиони евра за португалскиот играч што тогаш беше апсолутен рекорд. Многумина мислеа дека Реал Мадрид претереа што одвои толку пари за него, но денеска сигурно размислуваат поинаку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, поранешниот играч на „Црвените ѓаволи“, Рој Кин тогаш веруваше дека Реал мораше да плати уште повеќе за Роналдо и дека го довел за многу малку пари. Многумина тогаш му се смееа на Кин, но девет години подоцна јасно е дека „кралскиот клуб“ го направи еден од најдобрите трансфери во својата историја.
„Така е тоа во фудбалот, секогаш е борба за најдобрите играчи. Луѓето зборуваат дека го платиле 95 милиони евра и сега кога гледам некои други играчи мислам дека тоа е премалку за неговите квалитети. Тој е најдобриот играч во светот и Реал направи одличен трансфер што го доведе за толку мали пари“, изјави Рој Кин пред девет години.