По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се обиде да има поголем успех во сите натпреварувања, а наскоро ќе биде претставен и новиот дрес за следната година кој веќе протече на интернет.
Традиционално, специјализираната страница која го открива изгледот на дресовите на фудбалските клубови, „Footy Headlines“, откри и како ќе изгледа дресот на Милан за следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наредната сезона е јубилејна 125-та за Милан од неговото основање, а во оваа прилика на „Сан Сиро“ се одлучија за вистински ретро дизајн кој со својот стил ќе ги врати фановите на почетоците на клубот.
Дресот повторно е направен во соработка со Пума, а овој пат ќе доминира црвената боја со црни риги, додека задната страна на дресот ќе биде целосно црвена. Покрај двете бели линии на страните, во бело ќе бидат и имињата на спонзорите.
На задната страна ќе стои бројот 125 кој ќе ја означува јубилејната сезона.