Дома Фудбал Останато Се појавија детали од договорот: Еве колку Модриќ заработи од освојувањето на Златната топка

Се појавија детали од договорот: Еве колку Модриќ заработи од освојувањето на Златната топка

Лука Модриќ во понеделникот ја доби Златната топка, награда за најдобар фудбалер во светот. Играчот на Реал во изборот на новинарите од целиот свет убедливо славеше пред Роналдо и Гриман.

Најк, еден од спонзорите на Модриќ, во негова чест дизајнираше посебни копачки„Golden Touch Mercurial 360“, а сега е откриено дека капитенот на хрватската репрезентација ќе добие и паричен бонус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според претходно договорениот спонорски договор мораат да му платат на Модриќ за Златната топка 800,000 евра, јавува „El Confidencial“. Заработката би требала да биде и поголема, бидејќи Најк е најголемиот спонзор на Модриќ, но не и едиснтвен.

Претходно Модриќ ги освои наградите за најдобар играч на Светското клупско првенство, Светско првенство и најдобар фудбалер во изборите на ФИФА и УЕФА.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…