Проблемите за Нејмар со органите на законот не се завршени. Бразилските медиуми открија дека на фудбалерот му се спрема ново тешко обвинение.
Имено, бразилската телевизија „SBT“ објави дека против ѕвездата на ПСЖ ќе биде покренато обвинение за незаконско финансирање на криминална грипа која се занимава со трговија на жени и проституција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Обвинението доаѓа од извесна Нажила Триндаде со која Нејмар неколку пати имал средби во хотел во Париз Сега нејзините адвокати ги собрале потребните информации и ги предале во обвинителството во Бразил.
Минатото лето Триндаде тврдеше дека била силувана од страна на Нејмар, но нејзиното обвинение падна на суд. Бразилецот не негираше дека имал сексуални односи со неа, но тоа се случило со взаемна согласност.
Очигледно дотичната дама поседува информации со кои може да го компромитира фудбалерот кој наводно финансирал криминална група.