Дома Фудбал Франција Се погласно се најавува – Рамос пред раскинување на договорот со ПСЖ!

Се погласно се најавува – Рамос пред раскинување на договорот со ПСЖ!

Се погласно се најавува дека ПСЖ ќе го раскине договорот со Серхио Рамос на крајот од сезоната.

Легендарниот капитен на Реал Мадрид за ПСЖ одигра само пет натпревари и констатно е повреден, а Леонардо меѓу редови изјави дека е грешка што Шпанецот беше доведен. Рамос никако не успева да се опорави, нема да игра ниту против Ница вечерва и исто така не е во конкуренција за реваншот во Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако потпиша договор на две години и ПСЖ не може да го отпушти во француските медиуми се пишува дека ќе му биде понудена дел од сумата за да замине.

Проблемите со грбот кои ги има Шпанецот се такви што тешко дека некој може да ризикува и да го ангажира Рамос кој следниот месец ќе наполни 36 години. Највите се дека би можел да продолжи во МЛС.

Познатиот новинар Фабрицио Романо ги потврди овие информации со констатација дека нема ништо да се случи до крајот на сезоната, до тогаш ниту ПСЖ нема да се огласи, меѓутоа во клубот се веќе свесни дека некогашниот капитен на Реал тешко ќе може да им помогне оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Поразот од Јунајтед ги активира алармите: Артета бара три засилувања до крајот на јануари

Крајот на преодниот рок за оваа зима се приближува, а Топчиите по поразот од Манчестер Јун…