Дома Топ вести Се погласно се зборува за трансфер на Мбапе во Челзи

Се погласно се зборува за трансфер на Мбапе во Челзи

Сагата околу иднината на Килијан Мбапе е главна тема и се погласни се шпекулациите дека може да се пресели во Челзи.

Иднината на Мбапе е неизвесна бидејќи ПСЖ прави се за да се ослободи од него ова лето бидејќи не сака да го загуби без обештетување следното лето.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Мбапе пак останува на ставот да си замине следното лето како слободен агент и да добие голем бонус при потпис на договорот со Реал Мадрид.

Се погласни се шпекулациите дека француската суперѕвезда би го напуштил ПСЖ и би потпишал за Челзи и тоа само под еден услов.

Шпански „Спорт“ бидејќи Мбапе се согласува да оди на Стемфорд Бриџ на само една година со цел следното лето да се пресели во Реал Мадрид како слободен агент.

Тоа не е поволно за двата клуба, бидејќи ПСЖ за позајмица нема да ја добие сумата која ја посакува, додека Челзи ќе може да смета на Мбапе само за една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај…