Дома Фудбал Останато Се поблиску сме: Арсен Венгер изгледа ја прифатил понудата!

Се поблиску сме: Арсен Венгер изгледа ја прифатил понудата!

Aко веруваме на голем дел од светските медиуми, Арсен Венгер ја прифатил понудата од Баерн Минхен.

Баерн е во криза, а цената ќе ја плати Нико Ковач.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Германскиот гигант е шанса за Венгер тренерската кариера да ја заврши освојувајќи трофеи.

Денес медиумите тврдат дека Венгер се согласил, но дека Ковач ќе ја заврши полусезоната. Потоа би требало да пристигне 69 годишниот стратег. Сепак, според дел од медиумите тогаш може да биде веќе касно.

Баерн во овој момент е петти на табелата во Бундес лигата после 12 одиграни кола, има девет бодови помалку од Дортмунд. Полусезоната завршува за помалку од еден месец, но до тогаш ќе бидат одиграни уште пет натпревари.

Причината за тој тајминг наводно е барањето на Венгер да има период од еден месец да го наметне својот стил и фудбалска филозофија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Maнчестер јунајтед во луд натпревар го победи Фулам за трет триумф во низа (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед извојуваа победа на Олд Трафорд над Фулам со резултат 3:…