Иако одби да си поднесе оставка, Фудбалскиот сојуз на Италија очекувано го отпушти Џампиеро Вентура откако „аѕурите“ не успеаа да се пласираат на Светското првенство, прв пат после 60 години.
Италија не успеа да ја елиминира Шведска во баражот за Мундијалот, Вентура веќе неколку дена е „бивши“, а сега во медиумите излегуваат детали од соблекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добро познато е дека ветераните во редовите на Италија, како Буфон, Де Роси и Брзаљи одржале состанок без присуство на стручниот штаб. Иако се пренесуваше дека се работи за состанок кој би требало да ја подигне мотивацијата, „Скај Спорт Италија“ тврди дека Вентура не верувал во таквите информации.
Тој наводно бил опседнат со идејата дека фудбалерите биле свртени против него и дека пред натпреварот против Шведскап овторн останал параноичен поради тоа.
„Скај Спорт“ соопштува дека Вентура бил лут на фудбалерите бидејќи пред натпреварот во Стокхолм во медиумите се појавил составот на репрезентацијата.
Целата ситуација ескалирала два дена пред реваншот во баражот на „Сан Сиро“, кога Вентура побеснил и ги нападнал фудбалерите.
„Направивте одлична работа на тој состанок…Сега можете сами да тренирате и да изберете почетен состав“, порачал Вентура и луто ја напуштил соблекувалната.
По оваа ситуција Вентура неколку часа бил во тренинг центарот, а не се ни јавувал на телефонот, па многумина помислиле дека нема ниту да се врати.