Дома Трансфер зона Се отиде по…Обамејанг од 258 милиони евра!? – Некој мораше да стави точка на ова лудило!

Се отиде по…Обамејанг од 258 милиони евра!? – Некој мораше да стави точка на ова лудило!

На ова лудило некој навистина мораше да стави точка.

Додека во европскиот фудбал зимскиот преоден рок е далеку по скромен од летниот кога во главно се реализираат големите трансфери во Кина ситуацијата поинаква. Јануари е главниот период во кој Кинезите се засилувата со оглед дека сезоната во нивната лига започнува во февруари. Најголемите трансфери во кинескиот фудбал како Оскар, Рамирез, Тешеира, Витсел, Мартинез...Беа завршени во зимскиот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа во Кина и со нетрпение го очекуваа овој трансфер период и веќе во првите два дена беше лансирана веста дека најмоќните кинески клуб Гвангжу Евергранде го сака Пјер-Емерик Обамејанг и веднап можеше да се претпостави дека се работи за некоја астрономска сума.

На крајот кинеските медиуми дојдоа до информации дека се работи за понуда вредна 72 милиони евра за Дортмунд и договор според кој Обамејанг би заработувал 20 милиони евра по сезона за договор на четири години.

Денес таа информација беше демантирана од кинескиот клуб, но сепак демантот дојде после прилично сериозното соопштение кое го објави Фудбалскиот сојуз на Кина.

„ФС Кина е загрижена поради случувњата на трансфер пазарот. Доколку биде забележано било каков прекршок ќе има санкции, многу сериозно ќе ги применуваме правилата и регулациите“, соопштија од ФС Кина.

Кога се ќе се пресмета, понудата на Гвангжу од 72 милиони евра и 66 милиони евра кои би морале да ги платат како данок, но и платата од 20 милиони евра по сезона за четири години, доаѓаме до неверојатен износ од 258 милиони евра, што е навистина премногу, а затоа се свесни и државните органи во оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…