Се почесто се споменува дека напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ (23) на лето би можел да ја промени клупската средина.
Подолго време српскиот напаѓач се поврзува со одредени клубови, а каде и дали ќе замине тешко е да се каже во овој момент. Неодамна беше објавено дека за Влаховиќ се заинтересирани, Баерн, Челзи, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Сега се појавија нови информации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во игра се три клуба. Според мене Јувентус сериозно ќе ги разгледа овие понуди. Сите имаа важен профил, затоа што станува збор за Челзи, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид“, изјави фудбалскиот агент, Масимо Брамбати.
Влаховиќ сезонава во дресот на Јувентус постигна 14 гола во сите натпреварувања. На последниот натпревар против Севиља во полуфиналето од Лигата на Европа Влаховиќ постигна гол откако влезе од клупата, но тој не беше доволен затоа што Севиља направи пресврт и го елиминираше Јувентус.
Italian football agent Massimo Brambati: "There are three teams that showed up for Vlahovic. In my opinion, Juve will take these offers seriously. All of them have an important profile because they’re Chelsea, Bayern Munich and Atletico Madrid." pic.twitter.com/aFTsWyuhKO
— Vince™ (@Blue_Footy) May 19, 2023