Дома Фудбал Репрезентации Се огласи судијата кој не го призна голот на Роналдо

Се огласи судијата кој не го призна голот на Роналдо

Ситуацијата на стадионот „Рајко Митиќ“ кога судијата Дани Макели не го призна голот на Роналдо во последните моменти од мечот иако топката ја помина гол линијата беше тема која се коментираше.

Роналдо во тие моменти полуде и ја фрли капитенската лента. Сега судијата Макели се огласи и испрати извинување до целата португалска јавност.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Поради политиката на ФИФА единствено што можев да направам е да му се јавам на селекторот на Португалија, Фернандо Сантош. Му се извинив на него и се извинувам на целата португалска нација за тоа што се случи. Како судии секогаш се трудиме да носиме најдобри одлуки. Во овој момент сигурно дека не се задоволни и ја признаваме нашата грешка“, изјави Макели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

САД може до чудо: Покетино верува во титула на СП

Селекторот на фудбалската репрезентација на САД Маурисио Покетино изјави денеска дека него…