Капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров денес пристигна во Загреб каде ќе му бидат направени детални анализи и прегледи на поврдата.
Во исчекување на конечните резултати многу се шпекулира, а во главно прогнозите се негативни, па дури и ЕХФ објави дека Лазаров нема да игра до крајот на првенството. (ОВДЕ).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, се уште има простор за надеж, а капитенот само порача да бидеме трпливи.
„Сè уште правиме анализи. Не можам ништо да кажам, бидете трпеливи“, рече капитенот на националниот тим за „Македонски спорт“.
Во текот на утрешниот ден би требало официјално да биде потврдено од страна на РФМ дали Лазаров ќе биде во тимот за мечот со Чешка.