Дома Фудбал Лига на шампиони Се огласи и Марадона: Немаше пенал за Реал Мадрид!

Се огласи и Марадона: Немаше пенал за Реал Мадрид!

Пеналот кој судијата Мајкл Оливер му го досуди на Реал Мадрид во 93-та минута против Јувентус крена голема прашина и го подели фудбалскиот свет.

Некои сметаат дека одлуката на Оливер беше исправна, а некои сметаат дека со тоа драстично бил оштетен Јувентус.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Свое мислење на оваа тема, не можеше, а да не даде и еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона.

„Не не, немаше пенал. Кога Роналдо ја удри топката со глава, Лукас се фрли кон неа, бидејќи беше точно до Буфон, а Бенатиа идеше од зад него. Го направи истото што би го направил и јас. Ја искористи шансата да се фрли кон топката“, категиричен е Марадона.

Аргентинецот во кариерата настапуваше за Барселона и Наполи, глемите ривали на Реал Мадрид и Јувентус, па поради тоа неговите зборови можат да се сватат како непристрасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Од ПСЖ поставија цена за Асенсио

Играчот на средниот ред од Пари Сен Жермен, Марко Асенсио, кој ја помина втората половина …