Стигна и соопштение од „граѓаните“.
Фудбалскиот клуб Манчестер Сити се огласи по повод собраќајната несреќа која ја доживеа Серхио Агуеро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот измината ноќ се здобил со повреда на ребрата и наводно го очекува долга пауза, но од неговиот клуб не прецизираа ништо додека не поминат прегледите кај клупските лекари.
Во соопштението се наведува дека Агуеро заработил повреди во текот на слободниот ден во четвртокот и дека утре ќе се врати во Манчестер, кога ќе му бидат извршени детални прегледи пред дербито со Челзи кое „граѓаните“ го играат во сабота.
Значи, повеќе за повредата на Агуеро можеме да очекуваме во текот на денот или пак утре наутро.