Идејата за основање на Суперлига пропадна за два дена, но тензиите се уште не се смируваат. Се огласија многу тренери и фудбалски работници околу целата ситуација.
Последен кој даде свое видување за идејата е тренерот на Интер, Антонио Конте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спортот треба да биде заснован на меритократија, но УЕФА не дава доволно пари за клубовите. Едноставно, клубовите мора да бидат наградени со повеќе пари. УЕФА не ги инвестира парите, клубовите тоа го работат.“ – изјави Конте.
На прашањето од новинарите дали тоа значи дека Интер не е задоволен од тоа што идејата за Суперлига не помина, Конте даде јасен одговор.
„Суперлига нема да има. Тоа е најважно. Другото не треба да го коментираме. Треба да се насочиме само кон иднината на фудбалот. Прашање е каде ова води. Во денешната ситуација парите ќе играат голема улога на сите полиња.“
Интер заедно со Милан и Јувентус беше италијански претставник помеѓу 12 клубови основачи на Суперлигата, но откако се повлекоа англиските клубови, ден подоцна тоа го направи и италијанскиот гигант.