Дома Трансфер зона Се огласи и Баерн: Еве што велат Баварците за иднината на Левандовски!

Се огласи и Баерн: Еве што велат Баварците за иднината на Левандовски!

Баерн Минхен денес беше приморан да издаде официјално соопштение за да ги демантира гласините кои се појавија во медиумите за евентуалниот трансфер на Роберт Левандовски.

Имено, англиските медиуми денес пренесоа дека Левандовски не е задоволен во Баерн и дека Челзи наскоро ќе започне преговори за негов трансфер на „Стенфорд Бриџ“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Овие шпекулации многу го налутија раководството на баварскиот гигант, кој денес излезе со овицијално соопштение и потврди дека нема, и нема ни да има преговори за Левандовски.

„Левандовски има договор со Баерн кој неодамна беше продолжен до 2021 година. Баерн не планира никаков трансфер на фудбалерот. Не се водат преговори со никој клуб, и нема ни да има преговори. Доколку другите клубови преговараат со играч, кој има долгорочен договор со нас, тогаш ризикуваат да казна од ФИФА. Агентот на фудбалерот исто така не увери дека не води преговори со друг клуб“, стои во соопштението.

Така тоа го прават Германиците – веднаш ставија точка на прашањето и ги разрешија сите дилеми!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Роналдо го носи Де Брујне во Ал Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да …