Хрватска во овие моменти игра против Шведска во рамки на третото коло на ЕП и тешко, но се бори за трета победа по Србија и Исланд, но Алиловиќ пред мечот беше отстранет од селекторот Лино Червар, кој смета дека е несигурен.
„Сите сме во служба на хрватската ракометна репрезентација. Јас сум денес на трибините, утре ќе биде некој друг. Среќно на моите соиграчи и со четири бода да заминеме во Загреб“, истакна Алиловиќ на РТЛ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Нека Србите навиваат за Швеѓаните, ние за нашите момци. Се надевам дека со победа и максимален број бодови, ќе заминеме во Загреб“, додаде Алиловиќ.
Како што се наведува, Червар го избришал Алиловиќ по неговата лоша партија против Исланд.