Дома Трансфер зона Се огласи агентот на Дибала: Нема договор со ниту еден клуб!

Се огласи агентот на Дибала: Нема договор со ниту еден клуб!

Во текот на денешниот ден од Италија пристигна информација дека Паоло Дибала е блиску до преслеба во Интер, сепак агентот на играчот Хорхе Антун демантираше дека неговиот клиент донел одлука каде да продолжи.

Засега е јасно дека Дибала после 30. јуни ќе стане слободен играч и после седум години ќе го напушти Јувентус, но договор со некој друг клуб во овој момент. Агентот на Дибала во прв фокус го става продолжувањето на сезоната во која Јувентус го очекува и финале против Интер во Купот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Во овој момент ниту еден договор не е постигнат со клуб од Италија или од странство“, изјави Антун.

Дибала сезонава под водство на Алегри имаше проблеми со повреди, но кога и да беше на теренот ја покажуваше својата класа. Во сите натпреварувања Дибала оваа сезона 14 гола и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…