Дома Фудбал Останато Се најавуват промени при пеналите и играта со рака!

Се најавуват промени при пеналите и играта со рака!

Меѓународниот совет на фудбалски асоцијации, кој е одговорен за правилата во фудбалот, друга недела ќе разгледува неколку промени поврзани со пеналите и со измените, пренесува британски „Телеграф“.

Еден од најдискутаблините предлози е одемање на возможноста за шутирање после промашен пенал. Доколку голманот го одбрани пеналот играта ќе се запре и ќе биде досуден гол аут. Со тоа ќе се реши проблемот со втрчувањето на играчи во казнетиот простор при изведување на пеналите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Другата промена е отпаѓањето на зборот „со умисла“ при играње со рака во казнетиот простор, бидејќи таква ситуација не може да се процени. Судиите ќе се раководат по тоа дали раката е во природна положба или не.

Се размислува да се направат и промени при измените. Имено фудналерите при замена да го напуштаат теренот од најблиската точка, а не од центарот како до сега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…