Дома Фудбал Останато Се е спремно за спектакуларен фудбалски ден!

Се е спремно за спектакуларен фудбалски ден!

Денешниот ден ќе биде вистинско уживање за љубителите на фудбалот, бидејќи има исклучително богата програма со возбудливи натпревари.

Денот ќе помине во знакот на неколку големи дерби пресметки, а ќе започне со дербито на Рим – Рома – Лацио од 15:00 часот!

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ова дерби во Серија А е само најава за следното од 18:00 часо се сретнуваат Јувентус и Наполи. Клубот од Неапол по се изгледа ќе биде и оваа сезона најконкретниот заканувач на „старата дама“.

Само половина час подоцна се игра дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Челзи.

Возбудувања ќе понуди и Бундес лигата, таму играат Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.

Фантастичната фудбалска програма ќе биде затворена со натпреварот во 20:45 часот кога Реал ќе го пречека градскиот ривал Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Доаѓа замена за Левандовски: Флик има на мета еден од најдобрите напаѓачи во светот

Барселона веќе сериозно работи на плановите за следната сезона, и чини се дека една од гла…