Дома Фудбал Останато Се е спремно за новиот договор на Нејмар

Се е спремно за новиот договор на Нејмар

Пари Сент Жермен е блиску до договор со бразилската ѕвезда Нејмар за продолжување на соработката.

Откако изминатата година Нејмар настојуваше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, работите се променија и тој има намера кариерата да ја продолжи во Париз.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Една од причинит поради кои се предомисли е „превирањата“ во Барселона и можноста Лео Меси да дојде во Париз на лето.

Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година и моментално заработува 31 милион евра годишно, а двете страни веќе постигнале согласност за продолжување на соработката.

Пристигнувањето на новиот тренер Маурисио Покетино само ги забрза преговорите помеѓу двете страни, па Нејмар е многу блиску до потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Платен беше 100 милиони евра пред две години. Денес не игра фудбал

Во јануари 2023 година, кога Челзи издвои околу 100 милиони евра за Михајло Мудрик, малкум…