Реал Мадрид ќе потпише со Ориелиен Чуамени во следните денови, а тоа го објави познатиот спортски новинар Фабицио Романо, кој ги има деталите.




Трансфеот ќе чини 80 милиони евра, а може да достигне до 100 милиони евра со бонуси, а Чуамени договорил петгодишна соработка со „кралевите“.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
ПСЖ бил подготвен да му понуди повеќе пари, но сепак Чуамени ги напуштил преговориите уште во петокот и решил да заигра за Реал Мадрид.




Ливерпул, исто така, покажа интерес за Чуамени, но сепак младиот Французин сака да го носи дресот на шпанскиот и европски првак од следната сезона.




Во следните денови се очекува потврда на трансферот, откако ќе поминат медицинските прегледи.