Дома Трансфер зона Се е договорено: Синот на легендата на Милан потпишува за Јувентус

Се е договорено: Синот на легендата на Милан потпишува за Јувентус

Синот на легендарниот Жорж Веа кој во минатото го носеше дресот на Милан, Тимоти ќе се пресели во Италија, но не во дресот на „росонерите“, туку во нивниот голем ривал, Јувентус.

Јувентус постигнал договор за трансфер на Веа од Лил, а сумата на трансферот ќе изнесува околу 12 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од претходно беше познато дека Јувентус ги договори личните услови со младиот фудбалее, а сега е постигнат договор и со францускиот тим. Во текот на оваа недела Веа ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот. Најавите се дека се ќе биде завршено до четврток.

Жорж Веа пет години го носеше дресот Милан и остави длабока трага во црвено-црниот дрес. 23-годишниот Веа е репрезентативец на САД од 2019 година, претходно беше дел од младинскиот погон на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…