Денес стартува вториот дел од првата македонска фудбалска лига.
Втората полусезона стартува со денешниот натпревар на лидерот Вардар и Македонија Ѓорче Петров на Арената „Тодор Проески“. Вардар минува ни криза, ракометниот тим скоро и да се распаѓа, а фудбалерите играјќи на кртата сплотеност и инает ќе се обидат и на крајот од сезоната да бидат први.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардару спеа да го задржи тимот од есенскиот дел од сезоната, недостасува само Никола Серафимов кој поради конфликт со управата го напушти клубот и потпиша за српски Вождовац.
И пред сезоната во Вардар никој не веруваше, сепак фудбалерите покажаа голем карактер и со одлична игра во првиот дел од сезоната се изборија за лидерската позиција. Во таборот на црвено-црните се надеваат дека Аврамовски ќе ја продолжи одличната форма и ќе продолжи да постигнува голови, Аврамовски во овој момент е прв стрелец во првенството. Сепак, за денешниот натпревар тренерот Васоски не ќе може да смета на него поради жолти картони.
Македонија Ѓорче Петров играше добро против Вардар во есенскиот дел и во двата натпревари освои пет бода.
Фото: ФК Вардар