Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини го посети Драч кој беше погоден од силен земјотрес.
Сејдини во Драч се сретна првите луѓе на Фудбалските федерации на Албанија и Косово и заедно искажаа поддршка. Сејдини откри и дека ФФМ ќе помогне со обнова на три срушени куќи од земјотресот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Заедно со мојот колега, претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, бевме во Драч и регионот погоден од земјотресот каде што нè прими нашиот пријател, претседателот на Албанската фудбалска федерација, Арманд Дука.
Со голема тага за природна катастрофа, ние се приклучуваме на Фудбалската федерација на Албанија во намерата да им помогнеме на семејствата погодени од земјотресот. Заедно со нашите пријатели од фудбалската заедница преземаме обврска за обнова на три срушени куќи од земјотресот со цел да надокнадиме дел од штетите на семејствата погодени од природната непогода.
Сочувство до сите семејства кои ги изгубиле своите најблиски и своите домови, Муамед Сејдини, претседател на ФФМ“, изјави Сејдини.
Фото: ФФМ