Нема многу одмор за нашиот ракометен шампион, кој денес се враќа на настапите во СЕХА-лигата. Избраниците на Раул Гонзалез гостуваат во Србија, на екипата на Динамо од Панчево.
Црвено-црните се големи фаворити за освојување на бодовите на овој дуел, иако противникот пред својата публика игра мотивирано и на најголем дел од натпреварите им парираше на своите противници. Вардар од поодамна обезбеди учество на завршниот турнир во ова натпреварување и како први ќе го завршат регуларниот дел од сезоната, без оглед на постигнатите резултати во преостанатите три кола. На првиот меч одигран во Скопје, славеа црвено-црните со резултат 43:32. Пилиповиќ, Сапоњик и Мирковиќ се најдобри стрелци на Динамо во СЕХА-лигата. Денешниот противник има само две победи и се наоѓа на претпоследното место на табелата, со надеж дека ќе избегне последната позиција, на која моментално е екипата на Војводина. До крајот на регуларниот дел на Вардар му останува да одигра уште три натпревари, покрај денешниот меч, ни останува домашниот дуел против Нексе и гостувањето кај Војводина. После овие мечеви, Вардар ќе се насочи на четврфиналниот дуел во ЛШ, како и во одбраната на трофејот во СЕХА-лигата, на завршниот турнир на најдобрите четири екипи кој треба да се одигра во Скопје.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешниот меч можете да го проследите со директен пренос на МРТ-1. Вардар е единствениот тим кој е непоразен во СЕХА-лигата, па се надеваме дека така ќе остане и до крајот на оваа сезона.