Ракометарите на Металург успеаја да ја забележат и шестата победа сезонава во регионалната СЕХА лига, а денеска беа подобри од ракометарите на Мешков Брест со 37-33.

Филип Кузмановски го предводеше нападот на Металург со 10 гола, Халил Јагањац постигна осум, а Мартин Велковски, Жарко Пешевски и Вања Илиќ завршија со по пет гола. Добра партија на голот во второто полувреме имаше Мартин Томовски со осум одбрани. Кај Мешков Брест најефикасен беше Максим Баранау со седум гола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во следното, претпоследно коло од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата, Металург на 14 март  му гостува на Татран Прешов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Тажна вест: Почина германскиот судија кој делеше правда во двете финалиња во ЛШ кога Вардар стана шампион

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја потресе спортската јавност со веста дека почина ге…